HomeМКДПОЛИТИЧКИТЕ ОДЛУКИ ТРЕБА ДА СЕ ТЕМЕЛАТ НА ФАКТИ

ПОЛИТИЧКИТЕ ОДЛУКИ ТРЕБА ДА СЕ ТЕМЕЛАТ НА ФАКТИ

Потребата од поквалитетни истражувања и анализи во политичките партии беше во фокусот на денешната тркалезна маса посветена на унапредувањето на истражувачко-аналитичката функција и примената на правни и компаративни искуства.

На настанот учествуваше и министерот за правда Јетон Шасивари, кој говореше за улогата на партиските истражувачко-аналитички центри, познати како ПИАЦ, во креирањето политики, развојот на јавната дебата и зајакнувањето на демократските процеси.

Според Шасивари, овие центри треба да претставуваат места каде политичките ставови и предлози ќе се соочуваат со релевантни факти, податоци и стручни анализи. Тој оцени дека користењето на истражувањата и податоците може да придонесе за носење поквалитетни политички одлуки.

Посебно внимание министерот посвети на прашањето за финансирањето на ПИАЦ со јавни средства. Како што истакна, користењето на средства од јавни извори носи и обврска за поголема одговорност во однос на резултатите што ги произведуваат овие центри.

Шасивари посочи дека јавните средства треба да бидат насочени кон конкретни активности како истражувања, анализа на политики, нивна евалуација, развој на препораки и градење стручни капацитети.

Тој нагласи дека, покрај правилата за трошење на средствата, потребно е да постои и одговорност за тоа што е произведено со тие средства – кои истражувања се спроведени, какви анализи се изработени, кои политики биле предмет на евалуација и на кој начин податоците и препораките биле искористени во креирањето политики.

Според министерот, поставувањето на ваквите прашања не треба да се гледа како ограничување на работата на политичките партии, туку како начин нивната работа да стане посериозна, поквалитетна и поодговорна.

На тркалезната маса била нагласена и потребата од поголема меѓупартиска соработка кога станува збор за истражувањето, анализата и користењето на знаењето во политичкиот процес.

Шасивари порача дека политичките партии можат да имаат различни ставови и предлози за конкретни прашања, но дека постои простор за заедничко разбирање оти одлуките треба да се темелат на точни информации и сериозна анализа.

Од Министерството за правда, како што истакна министерот, се очекува да придонесе кон воспоставување јасна и функционална правна рамка која ќе овозможи истражувачко-аналитичката функција да се развива во согласност со потребите на демократскиот процес и принципите на јавна одговорност.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО