HomeСПОРТПОЛ ПОГБА ПОВТОРНО БЕЗ КЛУБ

ПОЛ ПОГБА ПОВТОРНО БЕЗ КЛУБ

Пол Погба повторно е без клуб, откако Монако објави дека спогодбено го прекинал договорот со 33-годишниот фудбалер.

Погба во Монако пристигна со договор на две години, но соработката завршува по само една сезона. Французинот минатата сезона одигра само 115 минути, што дополнително ја отежна неговата ситуација.

Некогаш еден од најдобрите играчи во светот, Погба во последните години се соочи со сериозни проблеми. Во 2023 година падна на допинг-тест, по што првично доби четиригодишна суспензија. По жалбата, казната му беше намалена на 18 месеци и тој доби можност да се врати на фудбалот.

Неговата кариера дополнително беше погодена од бројни повреди, поради кои пропушти значаен дел од натпреварите, како и Светското првенство во 2022 година.

Покрај спортските проблеми, Погба помина и низ тешка семејна драма поврзана со случај на изнуда и закани, во кој беше вмешан и неговиот брат Матјас.

Французинот во претходните години отворено зборуваше и за психолошките тешкотии со кои се соочувал. По блескавите периоди во Јувентус, Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Франција, со која стана светски шампион во 2018 година, неговата кариера во последните години се претвори во борба за повторно да се врати на највисоко ниво.

Сега Погба повторно е во потрага по нов клуб и можност да ја оживее кариерата која некогаш го правеше еден од најбараните фудбалери во светот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО