HomeСПОРТПОЧИНА БОБ ПЕТИТ, ЛЕГЕНДАРНИОТ НБА КОШАРКАР И ДВОКРАТЕН MVP

ПОЧИНА БОБ ПЕТИТ, ЛЕГЕНДАРНИОТ НБА КОШАРКАР И ДВОКРАТЕН MVP

На 94-годишна возраст почина Боб Петит, еден од најзначајните кошаркари во историјата на НБА-лигата и член на Кошаркарската куќа на славните „Нејсмит“.

Петит во текот на целата своја 11-годишна НБА кариера бил избран за Ол-стар натпреварот, што го прави еден од ретките играчи со такво постигнување.

Двапати ја освоил наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната. Првпат тоа го направил во сезоната 1955/56, кога наградата била доделена за првпат, а вториот MVP трофеј го освоил во сезоната 1958/59. Во двете сезони бил и најдобар стрелец во лигата.

Со Сент Луис Хокс стигнал до четири финалиња на НБА, а во 1958 година ја освоил шампионската титула по победата над Бостон Селтикс. Во решавачкиот шести натпревар од финалето Петит постигнал дури 50 поени, тогаш рекорд во плејофот.

Посебно признание добил и на Ол-стар натпреварите, каде четири пати бил прогласуван за најкорисен играч. Подоцна истиот број на признанија го достигнал и Коби Брајант.

Пред да стане НБА ѕвезда, Петит имал извонредна колеџ кариера на LSU. Во последната сезона просечно постигнувал 31,4 поени и 17,3 скока по натпревар.

На драфтот во 1954 година бил избран како втор пик од Милвоки Хокс. Една година подоцна клубот се преселил во Сент Луис, а Петит веднаш ја освоил наградата за дебитант на годината, со просек од 20,8 поени и 13,8 скока по натпревар.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО