HomeСПОРТПРЕМИЕР ЛИГА СО НОВИ ПРАВИЛА

ПРЕМИЕР ЛИГА СО НОВИ ПРАВИЛА

Новата сезона во англиската Премиер лига носи промени кои треба да влијаат на динамиката на натпреварите и да го намалат непотребното губење време. Новите правила опфаќаат ситуации со повреди, прекини, замени и ВАР.

Една од најзначајните новини е поврзана со повредените фудбалери. Доколку на играчот му биде укажана медицинска помош на теренот, тој нема веднаш да може да продолжи со игра. По излегувањето од теренот ќе мора да помине една минута пред да се врати во игра, освен во предвидените исклучоци.

Промена има и при изведувањето на аутите и гол-аутите. Судијата ќе може да започне одбројување од пет секунди доколку процени дека играчот намерно го одложува прекинот. Доколку рокот биде надминат, противничкиот тим ќе ја добие топката, односно ќе добие корнер кога станува збор за гол-аут.

Новина е воведена и кај замените. Фудбалерот кој го напушта теренот ќе има ограничено време за да излезе. Доколку го надмине рокот од 10 секунди, неговата замена нема веднаш да може да влезе, туку ќе мора да почека следен прекин по истекот на една минута.

ВАР, пак, ќе има дополнителна улога кај исклучувањата. Видео-судиите ќе можат да проверуваат ситуации во кои фудбалер веќе добил втор жолт картон и поради тоа е исклучен. Сепак, ВАР нема да се користи за да се утврди дали судијата требало да покаже втор жолт картон, а не го сторил тоа.

Со новите мерки англиската лига се обидува да ја забрза играта, да го ограничи намерното одолговлекување и да овозможи поголема ефикасност при користењето на ВАР.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО