HomeМКДЕкономијаСЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА

Северна Македонија има воспоставено високи стандарди на транспарентност и независност на централната банка, оцени заменик-генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли.

Тој посочи дека независните централни банки полесно ја одржуваат ценовната стабилност, ги контролираат инфлациските очекувања и можат побрзо да реагираат при економски кризи.

Според Ли, независноста не значи отсуство на одговорност, туку можност одлуките да се носат врз основа на економски податоци, стручни анализи и законски утврден мандат. Притоа, транспарентноста, отчетноста и јасната комуникација со јавноста се клучни за довербата во институциите.

Како позитивен пример тој го издвојува искуството на Северна Македонија, која меѓу првите земји поминала проценка според Кодексот за транспарентност на централните банки на ММФ. Резултатите, како што наведува, покажале дека Народната банка применува напредни практики и има висок степен на доверба кај јавноста.

Ли нагласува дека за зачувување на институционалниот кредибилитет, особено кај помалите економии, се потребни јасен мандат, автономија во работењето, стабилна рамка на политики, доследност, силна правна основа, добро управување и отчетност.

Интервјуто со претставникот на ММФ е објавено во публикацијата посветена на 80-годишнината од централното банкарство во Северна Македонија.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО