Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, денес го информираше претседателот на Народното собрание,Зоран Стевановиќ, дека по првата рунда разговори со претставниците на пратеничките групи, таа нема да предложи мандат за формирање Влада.Во изјава за медиумите, претседателката истакна дека нема мнозинска поддршка од пратениците на Народното собрание за ниту еден кандидат и дека не сака да предложи кандидат за раководство на малцинската влада.Пирц Мусар додаде дека за време на разговорите со пратеничките групи немало меѓусебно почитување и доверба, туку многу неискреност, што таа го смета за лош знак за соработка со евентуална нова влада.Претседателката рече дека тоа не е нејзино лично барање, туку фундаментален стандард на политичка одговорност и кредибилитет.

