НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 27 АВГУСТ 2022 ГОДИНА, Македонска Каменица беше погодена од трагична несреќа во која животот го загуби малолетно лице.
Несреќата се случила во селото Саса, на локален пат. Според тогашните полициски информации, 58-годишен жител на Македонска Каменица, управувајќи трактор со приколка, во еден момент изгубил контрола над возилото и излетал во река.
На тракторот се превезувале и други лица. Едно од нив успеало да скокне и поминало без повреди, но малолетникот паднал од тракторот, по што бил прегазен и починал од здобиените повреди. Возачот бил повреден и бил пренесен на лекување во Медицинскиот центар во Штип.
На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и полициска екипа од Делчево.
По трагичниот настан, Општина Македонска Каменица прогласила тридневна жалост во чест на загинатото дете.

