HomeГЛОБУСТРАМП ВЕТУВА 5.000 ДОЛАРИ ЗА СЕКОЈ ВОЗРАСЕН АМЕРИКАНЕЦ

ТРАМП ВЕТУВА 5.000 ДОЛАРИ ЗА СЕКОЈ ВОЗРАСЕН АМЕРИКАНЕЦ

Американскиот претседател Доналд Трамп најави можност секој возрасен граѓанин на САД да добие по 5.000 долари доколку Републиканската партија ја задржи контролата и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот по ноемвриските избори.

Трамп пред партиски собир во Далас го претстави планот како „Трампова дивиденда“, која, според неговите зборови, би се исплаќала благодарение на економската сила и успесите на САД.

Тој нагласи дека условот би бил парите да се потрошат во Соединетите Американски Држави.

Сепак, остануваат голем број отворени прашања околу реализацијата на ветувањето. Не е објаснето како би се обезбедиле средствата, кој би ги добивал и дали ваквите директни исплати воопшто би биле законски дозволени. Со оглед на бројот на возрасни жители во САД, целата програма би можела да чини околу 1,35 трилиони долари.

Трамп во својот говор изборите ги поврза директно со своето претседателствување и ги повика Американците да гласаат за републиканските кандидати, предупредувајќи дека победа на демократите би имала сериозни последици за земјата.

Тој ја бранеше и својата одлука за воената акција против Иран, тврдејќи дека целта била спречување на развојот на нуклеарно оружје. Воедно најави дека цената на нафтата би требало да падне по завршувањето на конфликтот.

Трамп упати и предупредување до Иран во врска со локацијата „Пикекс Маунтин“, за која тврди дека се користи за развој на нуклеарни капацитети. Тој порача дека Вашингтон внимателно ги следи активностите таму и дека секој нов потег би можел да предизвика американски одговор.

На партискиот собир во Далас, останатите републикански говорници главно ги критикуваа демократите, обвинувајќи ги за радикални ставови околу миграцијата, границата и учеството на трансродови жени во спортот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО