HomeГЛОБУСТРАМП ГО ПОНИЖИ КАРНИ СО AI-КАРИКАТУРА

ТРАМП ГО ПОНИЖИ КАРНИ СО AI-КАРИКАТУРА

Нова провокација од Доналд Трамп кон Канада. Американскиот претседател објави AI-карикатура на која тој стои над канадскиот премиер Марк Карни, кој лежи на мразот во канадски дрес.

„Стани, гувернеру“, напиша Трамп, повторувајќи ја својата контроверзна реторика дека Канада треба да стане 51. американска сојузна држава.

Трамп и претходно го нарекуваше поранешниот премиер Џастин Трудо „гувернер“, а истата формулација сега ја користи и кон Карни.

Провокацијата доаѓа во момент на ново заострување на трговскиот спор меѓу Вашингтон и Отава. Канада воведе царини за повеќе од 700 американски производи, како одговор на високите царини што ги воведе администрацијата на Трамп.

Тензиите меѓу двете земји повторно растат, а засега нема реакција од кабинетот на Карни на најновата објава на американскиот претседател.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО