HomeСПОРТТРЕЈДОТ НА ЛУКА ДОНЧИЌ МОЖЕ ДА БИДЕ НАЈЛОШИОТ ВО ИСТОРИЈАТА НА СПОРТОТ

ТРЕЈДОТ НА ЛУКА ДОНЧИЌ МОЖЕ ДА БИДЕ НАЈЛОШИОТ ВО ИСТОРИЈАТА НА СПОРТОТ

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше еден од најголемите НБА-трејдови во последните години, односно преминувањето на Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс.

Дончиќ во февруари 2025 година неочекувано беше испратен во Лејкерс, додека во спротивна насока замина Ентони Дејвис. Потегот предизвика огромно изненадување во кошаркарскиот свет, особено затоа што Дончиќ немал побарано да го напушти Далас.

Трамп, зборувајќи за размената, порача дека не му е јасно зошто Маверикс се откажале од словенечкиот кошаркар.

„Не ја разбирам таа размена. Тоа не беше добар договор. Но, што јас знам за кошарката?“, изјавил Трамп, споредувајќи го потегот со историската продажба на бејзбол-легендата Бејб Рут од Бостон Ред Сокс во Њујорк Јенкис.

„Бејб Рут секогаш ќе биде познат по најлошата размена. Но, дали сега тоа ќе биде Лука? Можеби треба повторно да ја направиме таа размена“, додал американскиот претседател.

Дончиќ во Лејкерс пристигна заедно со Макси Клебер и Маркиф Морис, додека Далас ги доби Ентони Дејвис, Макс Кристи и избор од првата рунда на драфтот во 2029 година. Во трејдот учествуваше и Јута Џез, која го доби Џејлен Худ-Шифино и два избора од втората рунда.

Одлуката на Далас беше особено шокантна бидејќи Дончиќ тогаш имаше само 25 години и неколку месеци претходно го предводеше тимот до НБА-финалето. Менаџментот на Маверикс ја оправдуваше одлуката со желбата да добие поцврста одбрана и веднаш да се бори за шампионската титула.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО