HomeРЕТРОВИЗОРФОРД ГО ПОМИЛУВА НИКСОН

ФОРД ГО ПОМИЛУВА НИКСОН

На 8 септември 1974 година американскиот претседател Џералд Форд донесе одлука со која го помилува поранешниот претседател Ричард Никсон.

Никсон претходно поднесе оставка поради аферата „Вотергејт“, станувајќи првиот и единствен американски претседател кој се повлекол од функцијата.

Форд со својата одлука му обезбеди целосно помилување за можни кривични дела поврзани со неговото претседателствување. Потегот предизвика жестоки реакции во јавноста и остана една од најконтроверзните одлуки од неговиот мандат.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО