Фудбалерот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, бил казнет откако бил фатен како управува автомобил под дејство на алкохол на Канарските Острови.
Според полицискиот извештај, 23-годишниот дефанзивец бил запрен додека управувал со својот „Порше“, а алкотестот покажал дури 1,9 промили алкохол во крвта. Во Шпанија дозволената граница за возачите е 0,5 промили.
За прекршокот Асенсио е казнет со 14.400 евра, а возачката дозвола му е одземена во период од осум месеци.
Асенсио е важен дел од тимот на Реал Мадрид. Минатата сезона настапил на 34 натпревари, постигнал два гола и забележал една асистенција.
Ова не е единствениот правен проблем со кој се соочува младиот фудбалер. Во септември треба да продолжи и судската постапка поврзана со сериозни обвиненија за кои се води постапка против него и уште неколку поранешни играчи од младинската школа на Реал Мадрид.

