Иранскиот врховен лидер Мојтаба Хаменеи упати остар повик до муслиманските земји, особено до државите од Заливот, барајќи поголемо единство и заеднички одговор кон, како што го нарече, „вистинскиот непријател“.
Во порака објавена по повод Неделата на исламското единство, Хаменеи порача дека поделбите меѓу муслиманските држави им одат во прилог на нивните противници.
Тој ги повика владите во регионот да ги препознаат заканите и да се спротивстават на плановите што, според него, се насочени против интересите на муслиманските земји.
Хаменеи во пораката ја спомена и ситуацијата со Палестинците, прашувајќи дали тие би биле „толку беспомошни“ доколку муслиманските држави биле обединети.
Посебна порака упати до владетелите на арапските земји од Заливот, предупредувајќи дека единството меѓу народите и владите би го отежнало загрозувањето на нивните земји и имоти.
Повикот доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Иран и арапските држави од Заливот. Во текот на актуелниот конфликт, Иран изврши напади врз американски воени објекти и друга инфраструктура во регионот, што дополнително ги влоши односите со соседните држави.
Хаменеи порача дека муслиманските земји треба да соработуваат и меѓусебно да се бранат, наместо да бидат поделени.

