Јапонската автомобилска компанија „Хонда“ го откри името на својот нов електричен SUV, кој ќе го носи називот Alpha. Светската премиера е најавена за 2 декември 2026 година во Индија, каде што ќе се одвива и производството на моделот наменет за светските пазари.
Од „Honda Cars India“ потврдија дека Индија ќе биде првата земја во која новиот електричен автомобил ќе биде понуден во продажба, но и важна производствена база за неговата глобална дистрибуција.
Според раководството на компанијата, Alpha претставува значаен чекор во плановите за развој на електричната мобилност и проширување на понудата на електрични возила на индискиот пазар.
Новиот SUV ќе биде првиот сериски модел на индискиот пазар со освежениот амблем на „Хонда“ во форма на буквата H. Промената на логото е дел од новиот визуелен идентитет на компанијата, поврзан со следната генерација електрични автомобили.
Името Alpha е преземено од првата буква на грчката азбука и симболично треба да означи нов почеток во електричната стратегија на производителот.
Моделот е тесно поврзан со концептот Honda 0 Alpha, кој претходно беше претставен на саемот Japan Mobility Show. Најавените фотографии откриваат SUV со повисок и аглест заден дел, кој потсетува на дизајнот на концептното возило.
Засега „Хонда“ не ги објави техничките карактеристики на Alpha. Не се познати капацитетот на батеријата, автономијата со едно полнење, цената ниту пазарите на кои ќе се продава надвор од Индија.
Неизвесно е и дали новиот електричен SUV ќе пристигне на европскиот пазар.

