HomeСПОРТШОК ТРАНСФЕР ВО НБА

ШОК ТРАНСФЕР ВО НБА

Големото НБА-изненадување е официјализирано – Кави Леонард се враќа во Торонто Репторс, по неколку години поминати во Лос Анџелес Клиперс.

Во замена за ѕвездата, Клиперс ќе ги добијат Брендон Инграм и Грејди Дик, како и два незаштитени избора од првата рунда, право на замена на избор од првата рунда и два избора од втората рунда.

Според НБА-инсајдерот Шамс Чаранија, Леонард потпишал двегодишен договор вреден 115 милиони долари, со опција самиот да одлучи дали ќе ја продолжи соработката за уште една сезона.

Трансферот беше договорен уште на 30 јуни, но неговата реализација беше одложена поради истрага на НБА. Лигата утврди прекршувања на правилата поврзани со „salary cap“, по што Клиперс беа казнети со 30 милиони долари и одземање на пет идни избори од првата рунда, додека Леонард доби парична казна од 700.000 долари.

За Леонард ова е емотивно враќање во Торонто. Токму со Репторс во 2019 година ја освои шампионската титула, а беше прогласен и за МВП на финалето.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО