На 14 август 1945 година, пред 81 година, светот ја доби веста која означи дека Втората светска војна е при крај.
Јапонската влада ги прифати условите за безусловна капитулација поставени од сојузниците, а американскиот претседател Хари Труман истата вечер ја објави веста за предавањето на Јапонија.
Веста предизвика огромно олеснување и славење во многу градови. Во Лондон, граѓаните излегоа на улиците и започнаа прослави кои продолжија и во текот на следниот ден.
На 15 август 1945 година, јапонскиот цар Хирохито преку радио му соопшти на народот дека Јапонија ги прифаќа условите за капитулација. Тој бил првиот јапонски цар чиј глас го слушнале обичните граѓани.
Иако борбите во Европа беа завршени уште во мај 1945 година, капитулацијата на Јапонија стави крај на глобалниот конфликт што траеше од 1939 година.
Официјалното потпишување на капитулацијата се случи на 2 септември 1945 година, на американскиот воен брод „USS Missouri“ во Токискиот Залив.
Фотографиите од Лондон од август 1945 година останаа меѓу најпознатите историски сведоштва за моментот кога милиони луѓе конечно почувствувале дека шестгодишната војна е завршена.

