Никола Јокиќ уште на првото појавување пред медиумите по враќањето во Денвер покажа дека шегите со него можат да завршат на најнеочекуван начин.
На традиционалниот „Media Day“ на Денвер Нагетс, клупската маскота Роки го погодила српскиот кошаркар со топче, а потоа му пришла, направила селфи и брзо побегнала.
Јокиќ не останал должен. Ја зел истата топка и ја фрлил низ ходникот кон маскотата. Роки се обидела да се тргне, но завршила на подот, предизвикувајќи смеа кај присутните.
Роки подоцна ја објавила снимката на платформата „X“ со шеговит коментар за нивното „пријателство“.
Јокиќ се врати во Денвер по летото поминато во Србија и настапите за националниот тим. Тој е член на Нагетс од 2015 година, а во 2023 година го предводеше тимот до првата шампионска титула во историјата на клубот.
Српскиот центар тогаш беше прогласен за МВП на финалето, а во кариерата има освоено и три МВП признанија за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната и осум настапи на Ол-стар натпреварот.
Инаку, Роки е познат и по тоа што се смета за една од најплатените маскоти во НБА, со годишна заработка која се наведува на околу 600.000 долари.

