HomeГЛОБУСЈУЖНОКОРЕЈСКИ ПОЛИЦАЕЦ ЗАТВОРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 25 СЛУЧАИ НА ИСЧЕЗНАТИ ЛИЦА

ЈУЖНОКОРЕЈСКИ ПОЛИЦАЕЦ ЗАТВОРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 25 СЛУЧАИ НА ИСЧЕЗНАТИ ЛИЦА

Јужнокорејски полицаец признал дека предвреме затворал случаи на исчезнати лица без да спроведе соодветна истрага, бидејќи сакал да избегне дополнителни обврски.

Полицаецот со презиме Бу бил уапсен на почетокот на август, откако бил обвинет дека на туристичкиот остров Чеџу затворал случаи без да провери каде се исчезнатите лица и дали се безбедни.

Случајот предизвикал голем скандал откако било откриено дека во најмалку два случаи полицаецот измислувал информации и ги внесувал во официјалните полициски записи. Во меѓувреме, телата на четири исчезнати лица биле пронајдени.

Еден од случаите се однесувал на 37-годишна жена која исчезнала во мај. Нејзиното момче пријавило дека ја нема, а полицаецот тврдел дека разговарал со неа и дека таа не сака да комуницира ниту со полицијата ниту со семејството. Подоцна било утврдено дека разговорот никогаш не се случил. Телото на жената било пронајдено во близина на плантажа на островот.

Во друг случај, полицаецот лажно навел дека разговарал со исчезнат маж во шеесеттите години и дека тој не сака да биде контактиран. Мажот подоцна бил пронајден мртов.

Полицијата сега проверува дали Бу предвреме затворил повеќе од 25 случаи на исчезнати лица. Во дел од нив подоцна било утврдено дека исчезнатите лица се живи и безбедни.

Полицаецот признал дека случаите ги затворал затоа што, доколку останеле отворени, ќе имал дополнителна работа и обврски.

Скандалот предизвика остри реакции во јавноста и повици за реформи во полицијата. Претседателот Ли Џе-мјунг најави промени и порача дека постапките на поединци не смеат да ја нарушат довербата во илјадниците полицајци кои професионално ја извршуваат својата работа.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО