HomeГЛОБУСЊУЈОРК ГО ОСВЕТЛИ НЕБОТО ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД 11 СЕПТЕМВРИ

ЊУЈОРК ГО ОСВЕТЛИ НЕБОТО ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД 11 СЕПТЕМВРИ

Спектакуларна светлосна инсталација над реката Хадсон ја претвори њујоршката ноќ во симбол на сеќавање на жртвите од терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Над градот беа подигнати 2.977 дронови, од кои секој претставуваше еден од загинатите во нападите. Во текот на перформансот, светлосните точки формираа препознатлива силуета на кулите близнаци на Светскиот трговски центар.

Настанот беше посветен на семејствата на жртвите, преживеаните и припадниците на итните служби кои учествувале во спасувачките операции.

Светлосниот спектакл беше дополнување на традиционалната њујоршка комеморација „Почит во светлина“, која секоја година со два вертикални снопа светлина ги симболизира поранешните кули на Светскиот трговски центар.

Во меѓувреме, идентификувана е и уште една жртва на нападите, повеќе од две децении по трагедијата. Идентитетот бил утврден со помош на современа генетска генеалогија.

Во нападите на 11 септември 2001 година загинаа 2.977 луѓе. Четири авиони беа киднапирани, два удрија во кулите близнаци, еден во Пентагон, а четвртиот се урна во Пенсилванија.

За нападите одговорност презеде терористичката организација Ал Каеда.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО