HomeМКД23 ОКТОМВРИ Е НАСЛЕДСТВО ОД ПРЕДЦИТЕ И ОДГОВОРНОСТ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

23 ОКТОМВРИ Е НАСЛЕДСТВО ОД ПРЕДЦИТЕ И ОДГОВОРНОСТ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Со повик за зачувување на историското наследство и изградба на подобра иднина за младите, ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Од партијата порачуваат дека празникот не е само потсетување на минатото, туку и обврска за одговорно градење на државата.

Во честитката се потсетува дека на 23 октомври 1893 година била формирана Македонската револуционерна организација, која оставила значаен белег во историските стремежи за слобода, автономија и национално достоинство.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека револуционерите ги поставиле темелите на борбата за правото на македонскиот народ самостојно да ја определува својата иднина, да ги зачува јазикот, културата и традициите и да живее во сопствена држава.

Партијата нагласува дека почитта кон историското наследство треба да се покаже и преку конкретни дела во сегашноста, со посветеност на правдата, демократијата и економскиот и општествениот напредок. Особено внимание, според нив, треба да се посвети на создавање услови младите да останат во земјата, да се образуваат, да работат и да ги реализираат своите амбиции во Македонија.

Во пораката се упатува и повик за единство, со оценка дека различните политички и лични ставови не треба да ја попречуваат заедничката грижа за татковината.

„23 Октомври нè потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија“, се наведува во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека обединувачки вредности треба да бидат почитта кон историјата, љубовта кон татковината и грижата за генерациите што доаѓаат, со цел изградба на слободна, достоинствена и просперитетна држава.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО