HomeТРЕНДЗАРА ПРЕТСТАВИ ПЛЕТЕНА ЈАКНА СО РЕТРО ИЗГЛЕД

ЗАРА ПРЕТСТАВИ ПЛЕТЕНА ЈАКНА СО РЕТРО ИЗГЛЕД

Новата модна понуда на „Зара“ носи интересен модел на плетена јакна која привлекува внимание со необичната комбинација на светлокафеава боја и впечатливи црвени детали. Станува збор за парче облека кое ги спојува удобноста на плетивото и изгледот на класична кратка јакна, создавајќи комбинација со препознатлив ретро призвук.

Моделот има доминантна светлокафеава основа, додека црвената боја е застапена на големата јака, долниот дел и завршетоците на ракавите. Дополнително, јакната има висока јака, патент за закопчување и два предни џеба. Кројот е опуштен, со долги ракави, што ја прави практична за секојдневно носење.

Изработена е од комбинација на полиамид, акрил, волна и еластан, при што волната учествува со пет проценти во составот.

Благодарение на впечатливите бои, јакната најдобро се комбинира со едноставни модни парчиња. Одлично изгледа со класични фармерки, бела маица и патики, но може да се носи и со темни панталони за поизразен контраст.

За поелегантна варијанта, добар избор се црни панталони со рамни ногавици и чизми, а интересна комбинација може да се направи и со темнокафеава здолниште. Љубителите на похрабри модни комбинации можат да додадат црвена чанта или обувки кои ќе се вклопат со деталите на јакната.

Освен интересниот изглед, предност на овој модел е неговата практичност. Може да се носи како лесна јакна во потоплите есенски денови, но и под капут кога температурите ќе се намалат.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО