HomeМКД50-ТИ „МАРШ НА АНГЕЛИТЕ“СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ПОРAЧАА ДЕКА БОРБАТА НЕ ЗАВРШУВА

50-ТИ „МАРШ НА АНГЕЛИТЕ“СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ПОРAЧАА ДЕКА БОРБАТА НЕ ЗАВРШУВА

Низ улиците на Кочани денеска повторно одекна повикот за правда и одговорност. Семејствата на жртвите и граѓаните го одржаа јубилејниот 50-ти „Марш на ангелите“, продолжувајќи со јавните собири по кочанската трагедија.

Педесет пати излегоа на улица, а како што порачаа семејствата, нивната борба ќе продолжи и во судниците. За нив, протестите не се само потсетување на загубените животи, туку и барање институциите да утврдат одговорност и да обезбедат правда.

„Педесет пати на улица и уште 50 пати во судница – борбата за правда, вистина и одговорност нема да запре“, порачаа семејствата.

Со секој нов „Марш на ангелите“, тие повторно ги потсетуваат институциите и јавноста дека очекуваат целосно расчистување на случајот и одговорност за трагедијата.

50-тиот марш во Кочани помина во знакот на сеќавањето на жртвите, но и на пораката дека семејствата нема да се откажат од своите барања за правда.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО