HomeМКДСКОПЈЕ БЕЗ ВОДА

СКОПЈЕ БЕЗ ВОДА

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради санација на дефект на кејот на Вардар и на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, во сабота (20 јуни) ќе има прекин во водоснабдувањето во периодот од 09:00 до 22:00 часот.

Без вода ќе останат следните објекти и локации во Скопје:

  • МАНУ
  • Основен суд 2
  • МКЦ (Младински културен центар)
  • Универзитетска библиотека
  • УКИМ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
  • ТЦ „Мавровка“
  • делови од Турска чаршија
  • Саат-кулата
  • улица „Петар Ѓеоргиев“
  • улица „Отокар Кершовани“
  • улица „Адвокатска“
  • дел од булевар „Крсте Петков Мисирков“
  • населба Крњево
  • Македонска телевизија (МРТВ)
  • ТЦ „Ист Гејт“

Од претпријатието додаваат дека во населбата Автокоманда, како и кон ниската зона до Камник, можно е намален притисок или повремен прекин во водоснабдувањето.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО