HomeГЛОБУСЕВРОПАТРИ ЖРТВИ ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН

ТРИ ЖРТВИ ОД ТОПЛОТНИОТ БРАН

Екстремните горештини што ја зафатија Европа однесоа три животи во Франција, каде што властите издадоа црвено предупредување за 49 региони, а околу 2.700 училишта работат со изменет режим или се затворени.

Во Бордо се очекуваат температури над 42 степени Целзиусови, додека во Шпанија црвен аларм е прогласен и за северниот регион Баскија, каде што во Сан Себастијан се очекуваат до 40 степени.

Шпанското Министерство за труд соопшти дека го следи почитувањето на мерките за заштита на работниците, кои имаат право на прилагодено работно време и платено отсуство во услови на екстремни временски услови.

Според климатските податоци, Европа во моментов бележи најголемо отстапување од историските температурни просеци.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО