Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, изјави дека Израел нема да се повлече од таканаречената „безбедносна зона“ во јужен Либан, иако се во тек дипломатски напори за консолидирање на прекинот на огнот и намалување на тензиите.
По разговорите со министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, Саар изјави дека Израел ќе го почитува прекинот на огнот во Либан сè додека Хезболах не го прекрши.
Ние немаме територијални амбиции во Либан, но нема да се повлечеме од безбедносната зона и да ги изложиме нашите граѓани на напади од Хезболах и можна инвазија“, напиша Саар на мрежата X.
Тој додаде дека суверенитетот на Либан, како што тврди, е нарушен со децении поради „индиректната окупација“ на Иран преку Хезболах.
„Во интерес и на Либан и на Израел е терористичката држава на Хезболах да биде расформирана“, рече Саар.

