Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги намали цените на горивата, при што дизелот поевтини за седум денари по литар, а бензините за 3,5 до четири денари.
Со новите цени, Македонија повторно има најевтин дизел во регионот, а бензините се меѓу најевтините. Најголема разлика има во однос на Србија, каде дизелот е поскап за околу 54 денари по литар, што значи дека при полнење резервоар од 50 литри македонските возачи заштедуваат речиси 2.700 денари.
Во споредба со Грција, заштедата за 50 литри бензин достигнува околу 1.950 денари, додека во однос на Албанија надминува 1.200 денари.
Според пресметките, возачите во Македонија при полнење резервоар од 50 литри можат да заштедат од 370 до 1.940 денари кај бензинот и од 550 до 2.680 денари кај дизелот во споредба со соседните земји.

