HomeМКДСКОПЈЕ ДОМАЌИН НА ПРЕДСЕДАТЕЛИТЕ НА ВРХОВНИ СУДИИ

СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА ПРЕДСЕДАТЕЛИТЕ НА ВРХОВНИ СУДИИ

Скопје денеска и утре е домаќин на XVI Годишна конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа, на која главни теми се независноста на судството, враќањето на довербата на граѓаните во правосудниот систем и подобрувањето на комуникацијата со јавноста.

На собирот, чиј домаќин е Врховниот суд, учествуваат претставници на 13 врховни судови, судии од Соединетите Американски Држави и експерти од меѓународни организации.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека состојбата во правосудството најчесто се оценува преку работата на Врховниот суд, нагласувајќи дека неговата независност е предуслов за владеење на правото и стабилноста на демократските институции.

Претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани, призна дека довербата на граѓаните во правосудството не е на посакуваното ниво, но оцени дека таа може да се врати преку ефикасни постапки, доследна примена на законите и навремено постапување.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, истакна дека независноста на судството не е привилегија на судиите, туку право на граѓаните, додавајќи дека предизвик останува воспоставувањето рамнотежа меѓу независноста и одговорноста.

Меѓународните учесници посочија дека размената на искуства и добри практики е клучна за справување со заедничките предизвици. Директорот на CEELI Институтот, Роберт Странг, нагласи дека судиите мора поактивно да комуницираат со јавноста и предупреди дека без доверба и поддршка од граѓаните, судската независност и демократските институции можат да бидат доведени во прашање.

Конференцијата продолжува и утре, а во рамки на дискусиите се очекува да бидат разгледани повеќе прашања поврзани со владеењето на правото и зајакнувањето на независноста на судските институции во регионот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО