Во СВР Скопје е пријавен случај во кој мајка тврди дека нејзината петгодишна ќерка била физички нападната од негователка во детска градинка во скопската населба Хром.
Според пријавата, девојчето на 14 август, откако мајката го земала од градинката, кажало дека негователката ја удрила и ја стиснала за ногата.
Мајката случајот го пријавила во полиција на 17 август во 11:30 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

