HomeГЛОБУСНАД 1000 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ОД ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ

НАД 1000 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ОД ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ

Големи пожари зафатија делови од хрватското крајбрежје во близина на Локва Рогозница и Омиш, при што има загинато лице и десетици повредени.

Според досегашните информации, 42 лица се повредени, а 14 од нив се задржани во болница. Седум пациенти се во тешка состојба, додека четворица се префрлени на лекување во специјализирани болници во Загреб.

Поради брзото ширење на огнот, властите евакуирале повеќе од 1.000 жители и туристи од загрозените подрачја. Меѓу евакуираните има и странски туристи.

Пожарот зафатил куќи, автомобили и друг имот, а густ чад се проширил над крајбрежните населби. Пожарникарските екипи продолжуваат со интервенциите и со напорите да го стават огнот под контрола.

Високите температури, сувата вегетација и силниот ветер дополнително го отежнуваат гаснењето и го зголемуваат ризикот од ширење на пожарот.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО