На 29 август 1966 година, легендарните „Битлси“ настапиле пред илјадници обожаватели на стадионот „Кендлстик Парк“ во Сан Франциско, САД. Овој концерт подоцна ќе остане запаметен како нивниот последен платен настап пред публика.
Концертот бил дел од нивната американска турнеја, во период кога британската група веќе се соочувала со огромен интерес од јавноста и со сè поголем притисок поради масовната популарност.
По овој настап, Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар престанале да одржуваат редовни концерти пред публика и се посветиле главно на студиската работа.
Одлуката се покажала како пресвртна за групата. Во следните години „Битлси“ ги создадоа некои од своите највлијателни албуми, меѓу кои „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“, „The Beatles“ и „Abbey Road“.
Последниот концерт во Сан Франциско денес се смета за историски момент во музиката, бидејќи означил крај на една ера во која „Битлси“ од обична музичка група прераснаа во глобален културен феномен.

