HomeРЕТРОВИЗОРПОЧИНАЛ ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ – ЏИНОТ

ПОЧИНАЛ ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ – ЏИНОТ

На 29 август 1882 година, во родниот Велес починал Јордан Хаџи Константинов – Џинот, една од позначајните личности на македонското просветителство и културниот живот во 19 век.

Џинот со децении работел како учител и се залагал за осовременување на наставата и користење на народниот јазик во образованието. Учителствувал во повеќе градови, меѓу кои Велес, Скопје и Прилеп, а оставил трага и како писател, поет, драмски автор и собирач на народни и историски материјали.

Меѓу неговите позначајни дела се „Таблица перваја“, како и драмските текстови „Минерва и девет музи“ и „Разговор или вистински човек“. Неговата просветителска работа била проследена со судири со тогашните црковни и политички структури, поради што бил прогонуван и испраќан на заточение во Мала Азија.

По враќањето во Македонија, последните години од животот ги поминал во Велес. Неговото име денес го носат образовни и културни институции, меѓу кои и Народниот театар во Велес, како трајно сеќавање на неговиот придонес кон македонската просвета и култура.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО