Американскиот голфер Тајгер Вудс доби петгодишна забрана за управување со автомобил откако постигна спогодба во случајот поврзан со сообраќајната несреќа од март годинава.
Вудс првично се изјаснил дека не е виновен, но на последното рочиште го променил исказот. Судот одредил две петгодишни суспензии на возачката дозвола, кои ќе се извршуваат истовремено.
Несреќата се случила кога Вудс со својот автомобил удрил во камион, по што возилото се превртело на покрив. За среќа, во инцидентот немало повредени.
Според полициските наоди, кај Вудс биле пронајдени таблети хидрокодон, лек против болки кој може да предизвика зависност при неправилна употреба. Полицајците забележале и знаци како забавени реакции, летаргија и крвави очи.
Судијата му дозволил на Вудс да патува надвор од САД заради медицински третман под контролирани услови. Голферот во меѓувреме најави повлекување од јавноста за да се посвети на своето здравје.
Вудс е еден од најуспешните голфери во историјата со 15 освоени „мајор“ титули и 82 победи на PGA Tour.

