Францускиот тенисер Артур Фис нема да настапи за репрезентацијата во претстојниот дуел против Канада во Дејвис купот.
Фис, кој моментално е 11-ти на светската ранг-листа, одлучил да направи пауза по физички исклучително напорната сезона. Тој неодамна беше елиминиран уште во првото коло на УС Опен, а во изминатиот период имаше и проблеми со грбот.
Французинот посочи дека одлуката била тешка, особено поради значењето што за него го има настапот за националниот тим, но во овој момент здравјето е приоритет.
Дуелот меѓу Франција и Канада е закажан за 18 и 19 септември во Квебек

