HomeМКДЗдравствоНОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ПОВТОРНО ВО ФОКУСОТ

НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ПОВТОРНО ВО ФОКУСОТ

Изградбата на нов Клинички центар во Скопје повторно се актуелизира, а како едно од можните решенија се разгледува просторот околу ГОБ „8 Септември“.

Идејата е новиот здравствен комплекс да се развива во близина на постојната болница, со што би се искористиле дел од постојната инфраструктура и поврзаноста со градските сообраќајници. Во претходните најави беше посочено дека просторот има потенцијал за проширување и изградба на дополнителни здравствени капацитети.

Во текот на 2026 година како можна локација беше споменуван и просторот кај базенот „Борис Трајковски“, кој според најавите би можел да биде функционално поврзан со „8 Септември“ и поликлиниката „Букурешт“, создавајќи поголем здравствен комплекс.

Надлежните најавуваат дека конечната одлука треба да се темели на стручни анализи, финансиските можности и условите за реализација на проектот.

Целта е Скопје и државата да добијат современ клинички центар со модерна медицинска инфраструктура, подобри услови за пациентите и здравствените работници и можност за примена на нови технологии и современи методи на лекување.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО