HomeМКДВО СТРУШКО И МАКЕДОНСКИ БРОД ГОРИ ШУМА

ВО СТРУШКО И МАКЕДОНСКИ БРОД ГОРИ ШУМА

Во Македонија и денеска продолжува борбата со пожарите на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи, во изминатото деноноќие биле евидентирани вкупно 36 пожари.

Од нив, три пожари останале активни до утрово, пет биле ставени под контрола, додека 28 целосно се изгаснати. Податоците се однесуваат на состојбата заклучно со 07:30 часот на 8 септември.

Еден од активните пожари е во Струшко, на потегот Буринец – Локов – Селце, каде е зафатена нискостеблеста шума.

Два активни пожари има и на територијата на Општина Македонски Брод. Едниот е во близина на селото Белица, на потегот Кајорец кон Брезница, каде гори нискостеблеста и мешана шума, додека вториот е регистриран кај селото Бенче.

Посебно внимание во изминатиот период предизвика пожарот што од страната на Македонски Брод се приближуваше кон ловиштето „Јасен“. За неговото гаснење беа ангажирани сите три противпожарни авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.

Надлежните служби продолжуваат со интервенциите на терен и со следење на состојбата на активните жаришта.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО