На 18 октомври жителите на Брвеница ќе одлучуваат кој ќе ја преземе функцијата градоначалник на Општината. Државната изборна комисија ги потврдува предвремените локални избори, кои следуваат по ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски.
До одржувањето на изборите, Општина Брвеница ја води в.д. градоначалникот Роберт Милошески. Во општината во меѓувреме продолжуваат редовните активности и реализацијата на започнатите проекти.
Изборниот процес веќе е активен, а ДИК објави и информации за роковите и условите поврзани со предвременото гласање.

