HomeСПОРТЛАМИН ЈАМАЛ МОРА ДА ЈА ОСВОИ ЗЛАТНАТА ТОПКА

ЛАМИН ЈАМАЛ МОРА ДА ЈА ОСВОИ ЗЛАТНАТА ТОПКА

Барселона не успеа летово да го реализира големиот трансфер на Хулијан Алварез, иако клубот бил подготвен да плати повеќе од 100 милиони евра за аргентинскиот напаѓач. Атлетико Мадрид ја одбил понудата, а според информациите од Шпанија, на фудбалерот му било порачано дека може да замине во кој било клуб, освен во Барселона.

Алварез наводно јасно ставил до знаење дека сака преселба токму на „Камп Ноу“. Незадоволството од ситуацијата било толку големо што извесен период одбивал да тренира, по што се најде и на удар на дел од навивачите на Атлетико.

На крајот Аргентинецот остана во Мадрид, откако ги одбил останатите понуди, додека Барселона наводно му ветила дека повторно ќе се обиде да го ангажира по завршувањето на сезоната.

За целата ситуација зборуваше Рафинја, кој не го криеше своето незадоволство од начинот на кој Атлетико постапил со Алварез.

„Не можам да разберам што направи Атлетико со Хулијан. Тешко е да функционираш нормално кога се чувствуваш непријатно и не сакаш да бидеш во клубот. Разбирам дека тимовите не сакаат лесно да ги пуштаат најдобрите играчи, особено кај директни ривали, но според мене Атлетико претера“, изјави Бразилецот.

Рафинја потоа зборуваше и за „Златната топка“, откако неговото име, како и она на Педри, не се најде меѓу 30-те номинирани за престижната награда.

„Не е мое да коментирам, но искрено, тешко ми е да разберам како Педри и јас не сме меѓу 30-те номинирани. Некои работи едноставно не можам да ги разберам“, рече Рафинја.

Според него, наградата оваа година треба да му припадне на неговиот млад соиграч Ламин Јамал.

„Ламин Јамал мора да ја освои Златната топка. Има статистика, трофеи и одлични настапи. Тој е светски шампион со Шпанија и луѓето плаќаат големи суми за да го гледаат како игра. Со сета почит кон останатите кандидати, Ламин е посебен“, порача Рафинја.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО