Штип деновиве повторно е во знакот на својот најпознат гастрономски специјалитет. Со сечење на огромна пастрмајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“ започна 18-тото издание на „Пастрмалијада 2026“.
Годинашната џиновска пастрмајлија достигна должина од неверојатни 2,10 метри, а за нејзината подготовка биле употребени околу 17 килограми свежо свинско месо, 20 килограми брашно и четири литри масло. За подготовката и транспортот бил ангажиран тим предводен од пекарот Николче Малинов.
Огромниот специјалитет беше централниот момент на отворањето на манифестацијата, која и годинава го претвора Штип во место за љубителите на традиционалната македонска кујна.
Во текот на манифестацијата посетителите имаат можност да ја пробаат штипската пастрмајлија, а програмата е збогатена и со музички настапи и забавни содржини.
„Пастрмалијада“ традиционално привлекува гости од повеќе градови во земјава, но и посетители од странство, кои во Штип доаѓаат токму поради препознатливиот специјалитет и атмосферата што ја носи манифестацијата.

