На 30 септември 2024 година беше соопштено дека 73-годишна планинарка од Скопје била пронајдена мртва на Шар Планина, во близина на планинарскиот дом под Љуботен. Жената претходниот ден била пријавена за исчезната, по што била организирана потрага во која учествувале полицајци, ренџери и алпинисти. Нејзиното тело било пронајдено во шумски предел кај месноста „Ружен Камен“.

