HomeМКДВО СОФИЈА ЌЕ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ НАШИТЕ АРГУМЕНТИ И ЦРВЕНИ ЛИНИИ

ВО СОФИЈА ЌЕ ГИ ПРЕТСТАВИМЕ НАШИТЕ АРГУМЕНТИ И ЦРВЕНИ ЛИНИИ

Говорејќи во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа, Стојаноски оцени дека првиот чекор треба да биде директен разговор со бугарската страна, на кој Македонија ќе ги образложи своите позиции и очекувања.

Тој нагласи дека, доколку целта е сите земји од регионот да станат дел од Европската Унија, меѓусебното почитување треба да биде основа на односите.

„Важно е прво да седнеме на маса и во Софија да ги кажеме нашите аргументи зошто сметаме дека, ако сакаме сите да бидат дел од ЕУ, треба да се почитуваме со тоа што сме, а не да креираме политики внатре во ЕУ, од Брисел, кои личат на 19. век“, изјави Стојаноски.

Според него, Македонија има јасно определени црвени линии и тие треба отворено да бидат презентирани во разговорите со бугарската страна.

Стојаноски смета дека по билатералниот разговор би било корисно процесот да продолжи и со вклучување на претставник од Брисел, односно преку трипартитен формат.

Тој посочи дека во јавноста постои чувство оти Македонија во европскиот процес често се наоѓа под најголем притисок, поради што смета дека поголемото вклучување на европските институции би можело да придонесе за појасен дијалог.

Пратеникот се осврна и на неодамнешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при што, според него, покрај политичките и идентитетските прашања биле нотирани и реформските процеси во земјата.

Стојаноски посебно го истакна Планот за раст и оцени дека Македонија покажала напредок во неговата имплементација.

Тој порача дека пристапот на Владата е паралелно да се работи на домашните реформи, додека прашањата поврзани со односите со Бугарија да се решаваат преку дијалог.

„Нашата одлука беше ова прашање да го оставиме и да го решаваме со дијалог, додека сето она што ни е домашна задача, спроведувањето реформи, да покажеме дека оваа држава може да биде најдобра во регионот“, рече Стојаноски.

Тој додаде дека целта е преку реформите и конкретните мерки да се остават резултати зад себе, оценувајќи дека Македонија, според него, има капацитет да постигне подобри резултати од повеќе земји во регионот.

Средбата во Софија се очекува да биде една од можностите за продолжување на разговорите меѓу двете земји во период кога европската интеграција на Македонија останува меѓу клучните политички прашања.

Претстојната билатерална средба во Софија треба да биде можност Македонија директно да ги претстави своите ставови и аргументи во однос на европската интеграција, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО