HomeМКДОД ЗЕЛЕНИКОВО ДО СКОПЈЕ ЗА САМО 25 МИНУТИ

ОД ЗЕЛЕНИКОВО ДО СКОПЈЕ ЗА САМО 25 МИНУТИ

Побрзото пристигнување до посакуваната дестинација и позитивните впечатоци од услугата се меѓу причините поради кои дел од граѓаните го избираат градскиот воз за патување до Скопје.

Во видео објавено на Фејсбук-страницата „Да те прашам нешто“, патници зборуваат за своето искуство со железничкиот превоз на релацијата Зелениково – Скопје. Нивните одговори се однесуваат на времетраењето на патувањето и квалитетот на услугата.

Патувањето меѓу Зелениково и главниот град трае околу 25 минути, во зависност од поаѓањето. По пат, возот запира на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајната дестинација е Железничката станица во Скопје.

За полесно комбинирање на различните видови превоз, железничкиот возен ред е усогласен со распоредот на автобусите на ЈСП Скопје. На тој начин, патниците добиваат можност да го продолжат патувањето со автобус по пристигнувањето во градот.

Плановите за развој на проектот „Градски воз“ предвидуваат воведување уште две делници. Едната треба да ги поврзе Миладиновци, Илинден и Маџари со централната железничка станица во Скопје.

Другата линија е планирана да сообраќа од централната железничка станица преку Скопје Север и Ѓорче Петров до Волково.

Со проширувањето на мрежата се очекува да се подобри железничката поврзаност на главниот град со околните населени места и да им се понуди дополнителна можност за секојдневен превоз на граѓаните.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО