HomeГЛОБУСБРАНДЕНБУРШКАТА ПОРТА ВО БЕРЛИН ДОБИВА НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ

БРАНДЕНБУРШКАТА ПОРТА ВО БЕРЛИН ДОБИВА НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Еден од најпрепознатливите симболи на Берлин наскоро ќе биде осветлен со нов, поекономичен систем. Постојните светилки на Бранденбуршката порта ќе бидат заменети со модерно ЛЕД-осветлување, кое треба да ја намали потрошувачката на електрична енергија до 40 проценти, без значително да го промени изгледот на споменикот во вечерните часови.

Според информациите од берлинската управа задолжена за управување со недвижностите, досегашниот систем е поставен во 2002 година и во последно време сè почесто се расипува. Дополнителен проблем е и сè потешкото пронаоѓање резервни делови, поради што е одлучено да се пристапи кон целосна модернизација на осветлувањето.

Со проектот ќе бидат заменети вкупно 281 светилка, а инвестицијата се проценува на околу 1,2 милиони евра. Новиот систем треба да обезбеди поголема сигурност и помала потрошувачка на енергија.

Работите започнуваат денеска, при што делови од сводовите на портата привремено ќе бидат оградени. Централниот премин ќе остане отворен, а споменикот ќе продолжи да биде осветлен во текот на ноќта. Се очекува новото осветлување да биде пуштено во употреба на почетокот на декември.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО