На 24 октомври 1945 година официјално започнала со работа Организацијата на Обединетите нации, создадена со цел да придонесе за зачувување на меѓународниот мир и спречување нови глобални конфликти по разорувањата од Втората светска војна.
Основањето следувало по повеќемесечни преговори меѓу државите што се залагале за воспоставување нов систем на меѓународна соработка. Повелбата на ОН стапила во сила откако била ратификувана од потребниот број земји, вклучувајќи ги петте постојани членки на Советот за безбедност.
Денес, 24 октомври се одбележува како Ден на Обединетите нации. Организацијата има 193 земји-членки, а нејзината работа опфаќа меѓународна безбедност, човекови права, хуманитарна помош и развој.

