На 30 октомври 1922 година, италијанскиот крал Виктор Емануел III му го доверил мандатот за составување влада на Бенито Мусолини.
Одлуката дошла само неколку дена по познатиот „Марш на Рим“, организиран од италијанските фашисти. Со доаѓањето на Мусолини на чело на владата започнал период кој ќе ја промени италијанската историја и ќе остави тешки последици врз Европа.
Овој настан се смета за една од клучните пресвртници во подемот на фашизмот во Европа.

