На 1 ноември 1952 година, Соединетите Американски Држави ја извршија првата целосна експериментална термонуклеарна експлозија во историјата, во рамките на операцијата „Ајви“, на атолот Ениветок во Тихиот Океан.
Тестот, познат под кодното име „Мајк“, означи нова етапа во развојот на нуклеарното оружје. Експлозијата достигнала сила од 10,4 мегатони, што претставувало огромна разорна моќ во споредба со дотогашните нуклеарни проби.
Последиците биле катастрофални за островот Елглаб, кој практично бил испарен од силината на експлозијата. На неговото место останал огромен кратер, широк речиси два километра.
„Ајви Мајк“ бил експериментален уред со течен деутериум како термонуклеарно гориво и не претставувал практично оружје подготвено за употреба во воени услови. Сепак, тестот докажал дека е можно да се ослободи огромна енергија преку процесот на нуклеарна фузија.
Овој настан се случил во периодот на Студената војна, кога Вашингтон и Москва интензивно се натпреварувале во развојот на сè помоќно оружје. Пробата „Мајк“ останала запаметена како еден од најзначајните, но и најопасните моменти во историјата на нуклеарното вооружување.

