Изворите на реката Босна се едно од најпознатите природни богатства во Босна и Херцеговина. Сместени во подножјето на планината Игман,во близина на градот Сараево,овие извори претставуваат почеток на реката Босна.Изворите се составени од повеќе мали извори на чиста и ладна вода, кои се спојуваат и формираат живописен тек опкружен со зелени површини и шуми. Водата е позната по својата бистрост и квалитет, а температурата е речиси константна во текот на целата година, околу 7–8°C.Ова место е дел од природен парк и претставува популарна туристичка дестинација, каде посетителите можат да уживаат во прошетки, велосипедизам и релаксација во природа. Воедно изворите има и историско значење, бидејќи уште во времето на Турското Царство било уредено како излетничко место.Изворите на Босна се симбол на природната убавина на регионот и важен дел од туристичката понуда на Босна и Херцеговина.


