На 28 октомври 1977 година, британската рок-група Queen го објави албумот „News of the World“, едно од најпрепознатливите изданија во својата кариера. На него се наоѓаат песните „We Will Rock You“ и „We Are the Champions“, кои со децении се користат на спортски натпревари и големи јавни настани. Албумот ја потврди способноста на групата предводена од Фреди Меркјури да создава песни што ги надминуваат границите на рок-музиката.

