На 3 ноември 1980 година, шведската група АББА го објави албумот „Super Trouper“, едно од најзначајните изданија во нејзината богата музичка кариера.
Албумот содржи песни кои и денес се препознаваат како класици на поп-музиката, меѓу кои насловната „Super Trouper“, „The Winner Takes It All“ и „Lay All Your Love On Me“.
Изданието беше шестиот последователен албум на групата што стигна до првото место на шведската листа на албуми. Со него АББА уште еднаш го потврди својот статус на една од најуспешните поп-групи во историјата.

