HomeГЛОБУСАВИОН ЗА ИСТАНБУЛ ПОЧНАЛ ДА ПОЛЕТУВА ВО ПОГРЕШЕН ПРАВЕЦ

АВИОН ЗА ИСТАНБУЛ ПОЧНАЛ ДА ПОЛЕТУВА ВО ПОГРЕШЕН ПРАВЕЦ

Патнички авион на турската авиокомпанија „Пегасус ерлајнс“ минатата недела предизвикал необична ситуација на аеродромот во Франкфурт, откако започнал да се движи по полетно-слетната патека во спротивна насока од предвидената. Пилотите го прекинале полетувањето уште при мала брзина, а германската контрола на летање го оценила случајот како исклучително редок.

Станува збор за авион „Ербас А321“, кој требало да лета кон Истанбул. Инцидентот се случил во вторникот, кога леталото почнало да се движи во погрешна насока по пистата. Пилотите го прекинале полетувањето при брзина од околу 65 километри на час, потврдил портпарол на германската контрола на воздушниот сообраќај (DFS).

„Ова не се случува често, особено не во Германија“, изјавил портпаролот.

Авионот имал дозвола за полетување кон југ од пистата 18, на најпрометниот аеродром во Германија. Сепак, откако влегол на пистата по предвидениот пристап, почнал да се движи кон север, спротивно на одобрената насока.

Контролорите на летање навреме ја забележале грешката и им наредиле на пилотите да ја напуштат пистата. Според DFS, ситуацијата била ставена под контрола и немало непосредна опасност.

Инцидентот бил пријавен до германската Федерална канцеларија за истрага на воздухопловни несреќи (BFU). Компанијата „Фрапорт“, која управува со аеродромот во Франкфурт, исто така потврдила дека се случил инцидент, но не објавила дополнителни детали.

Според информациите на специјализираниот портал „The Aviation Herald“, авионот околу седум минути подоцна повторно се подготвил за полетување и овојпат без проблеми ја напуштил пистата во правилната насока, кон југ.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО