HomeМКДГРАДЕЖНО ВЕШТАЧЕЊЕ ЗА ПУЛС

ГРАДЕЖНО ВЕШТАЧЕЊЕ ЗА ПУЛС

Во судницата во „Идризово“ денеска продолжува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

На денешното рочиште се презентираат наодите од градежното вештачење, а пред судот сведочат и вештите лица кои работеле на извештајот.

Според досегашните наоди, објектот во кој функционирала дискотеката бил пренаменет од индустриски во угостителски објект, и тоа спротивно на важечката урбанистичко-планска документација. Вештаците посочиле и на повеќе градежни интервенции, меѓу кои преградни ѕидови и врати кои можеле да претставуваат сериозна пречка при евакуација.

На претходното рочиште било посочено дека според урбанистичките планови на Кочани, локацијата каде се наоѓал „Пулс“ била предвидена за лесна индустрија и мало стопанство, а не за угостителски објект од типот дискотека.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Со изведувањето на градежното вештачење треба да продолжи доказната постапка во еден од најтешките случаи во поновата историја на Македонија.

Во меѓувреме, денеска стигна и друга вест поврзана со трагедијата. Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој во пожарот спасил 21 живот, е меѓу добитниците на наградата „Младинска храброст 2026“.

ИЗБОР

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

ПОПУЛАРНО